Започна Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка
Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа беше отворено осмото издание на Меѓународниот тетарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој ќе трае во наредните десет дена.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, рече дека публиката во Крива Паланка со нетрпение ги очекува фестивалските денови и ужива во претставите на врвните театарски ансамбли од Македонија,Хрватска, БиХ, Бугарија и Србија.
- Секоја година се поголем број паланчани го посетуваат фестивалот, градот живее во тетарски манир деновиве и ние сме особено горди што можеме да ја надополниме богатата културна понуда во општината. На сцената во центарот за култура спедните денови ќе продефилираат звучни актерски имиња од земјава и соседството, истакна Алексовски.
На првата фестивалска вечер познатата македонска актерка и директор на „Тетар комедија“ го доби признанието „Лауреат за 2016“за особен придонес во македонската театарска уметност и култура. За животот и делото на Жугиќ говореше Лилјана Мазева, а беше прикажан и краток филм посветен на нејзините актерски остварувања.
Фестивалската програма вечерва ќе ја отвори „Театар комедија“ со претставата „Стјуардеси“. Во склоп на програмата денес и утре во Локалната установа „Градски музеј“ Крива Паланка ќе се одржи креативна работилница насловена „Маски“, а младите актери од градот ќе имаат актерска работилница со доајенот на македонското глумиште, кривопаланчанката, Милица Стојанова.
Покрај претставите кои секоја вечер ќе се прикажуваат на сцената во Националната установа Центар за култура, со почеток во 20 часот, на програмата се и промоција на делото „30 години литературно творештво на Трајче Кацаров“ и романот „Претстава“ од Гоце Ристовски.
Фестивалот трае до 23 септември, а ќе финишира со „Не играј на Англичаните“ на драмско студио при „Центар за култура“, Крива Паланка.
Покровител на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила