Македонија
2. February 2025 - 17:14

Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите

Започна протестниот марш преку кој се бара правда за 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Маршот почнува од Универзална, а ќе заврши пред Кривичниот суд.