Започнуваат предавањата на универзитетите во Грција
Од денеска, до средината на месецов, постепено, ќе започнат предавањата на сите универзитети во Грција, а ќе бидат комбинирани, со физичко присуство или онлајн во зависност од бројот на студентите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според протоколите, маската е задолжителна, како за студентите, така и за професорите во сите простории на факултетите.
Доколку групата е до 50 студенти, тогаш предавањата, семинарите и слично ќе бидат со физичко присуство, а во случај да се над 50 тогаш ќе се одвиваат онлајн.
Заменик-министерот за образование на Грција надлежен за високото образование Василис Дигалакис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека и во однос на Универзитетите треба сите да се прилагодат на новата реалност и да се прилагодат на новите, но неопходни услови.
Ново на Сител
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата