Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто
Профитот на кинескиот производител на паметни телефони и телекомуникациска опрема Хуавеј Технолоџи минатата година се зголеми за 28,1 отсто.
Компанијата соопшти дека лани остварила добивка од 7,6 милијарди долари, што е значително подобро во однос на 2016 година, кога профитот бил зголемен за само 0,4 отсто поради растот на расходите за истражување и маркетинг.
Расходите за истражување и развој во 2016 години се зголемиле за 17,5 проценти, достигнувајќи 14,3 милијарди долари.
Вкупните минатогодишни приходи на Хуавеј се зголемиле за 15,7 отсто во однос на 2016 година, на 96,2 милијарди долари.
Компанијата со седиште во кинескиот град Шенжен, е трет најголем светски продавач на смартфони, веднаш по јужнокорејскиот Самсунг Електроникс и американскиот Епл.
Смартфон брендовите Хуавеј и Хонор во 2017 година им испорачаа на купувачите 153 милиони апарати, чија вкупна продажба достигна 37,8 милијарди долари, што претставува зголемување од 39,1 отсто.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот