Македонија
8. January 2023 - 18:38

Заталкан куршум оштети „масерати“ и „фиат“ во гостиварско

Во саботата, околу 15,30 часот било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила, но оти во инцедентот нема настрадани.

Станува збор за автомобил „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице а паркирано од 26-годишниот А.М. од село Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот Б.Б. од истото село.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.