Македонија
12. April 2017 - 13:01

Затворање на 10. ИТФ „Лица без маски“ и доделување награди

Со претставата „Фармата“ во режија на Паоло Алесандри, а во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, вечер со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе заврши 10. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“.

„Фармата“ е претстава што е резултат од сценски дела базирани на соработка и вербална импровизација. Во претставата се употребуваат човечкото тело, звуци, гласови и измислени работи.

Во 21:45 часот на сцената на Театар Комедија, жири комисијата во состав: Деан Дамјановски, режисер, Трајче Ѓеорѓиев, актер и Тони Димков, новинар и критичар ќе ги доделат трите награди: Гран при за најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.

Билети може да се набават на касата на Универзална сала-Скопје и Театар Комедија или со резервација на itf.faceswithoutmasks@gmail.com