-->
-->
Заврши ерата на ван Гал во М.Јунајтед
-->

Она што британскиот сервис BBC, го најави во вечерта во саботата, во понеделникот доби потврда, Луј Ван Гал повеќе не е менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
Информацијата, дека нешто по 12 часот, Јунајтед му го врачил отказот на Ван Гал, ја пренесе Sky Sport, чиј репортер јави дека Холанѓанецот во клупскиот тренинг центар пристигнал во придружба на својот адвокат Пол Гилрој.
Холандскиот стратег, Ван Гал, на клупата на Манчестер Јунајтед седна по завршувањето на Мундијалот во Бразил, на 16 .јули 2014 година, потпишувајќи тригодишен договор. Претходно во мај 2014 година Дејвид Мојс доби отказ на функцијата, па до именувањето на Ван Гал тимот на четири натпревари го предводеше Рајан Гигс.
Ван Гал во првата сезона успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, каде не се прослави, бидејќи заврши во групата зад Волфсбург и ПСВ Ајндховен, натпреварите ги продолжи во Лига Европа каде беше елиминиран во осминафиналето од Ливерпул.
Оваа сезона, поради резултатите кои ги постигнуваше тимот, Ван Гал беше под постојан притисок од јавноста и новинарите, а од отказ не го спаси ниту освојувањето на ФА купот, што е прв трофеј за клубот од повлекувањето на легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Холанѓанецот ќе остане запаментен како менаџер кој за две години потроши огрумна сума пари за засилувања, кои на клубот не му ги донесоа посакуваните резултати.
Во ерата на Ван Гал во Манчестер Јунајтед пристигнаа Андер Ерера (29 млн. фунти), Лук Шо (30 млн. фунти), Маркус Рохо (20 млн. фунти), Дејли Блинд (14 млн. фунти), Морган Шнајдерлин (24 млн. фунти) , Матео Дармијан (12,7 млн. фунти), Батијан Швајнштајгер (7 млн. фунти), Ентони Марсијал (36 млн. фунти, но овој договоро со разни клаузули може да достигне и до 58 млн. фунти) и Анхел Ди Марија (59,7 млн. фунти).
Наследникот на Ван Гал, а тоа со голема веројатност ќе биде Жозе Мурињо, ќе биде промовиран во вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
