Заврши истрагата за несоодветното чување на доверливите документи од страна на Бајден

Специјалниот советник на американското Министерство за правда за несоодветното чување на доверливи документи од страна на претседателот Џо Бајден ја заврши истрагата и наскоро се очекува негово објавување, изјави американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд.
Тој во писмото испратено до конгресмените не ги елаборира наодите од извештајот на специјалниот советник Роберт Хур.
Гарланд истакна дека извештајот ќе биде објавен веднаш штом Белата куќа ќе го заврши прегледот на документот за евентуални приговори поврзани со откривање на доверливи факти, а се очекува постапката да биде завршена до крајот на неделата.
Истрагата почна пред една година поради незаконското чување на Бајден на доверливите документи од времето кога тој беше сенатор и потпретседател.
Доверливи документи беа пронајдени во домот на Бајден во Далавер и во неговата приватна канцеларија. Извештајот од истрагата ќе биде објавен во деликатен момент за Бајден, кога тој се бори за реизбор.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
