Заврши воената вежба на Украина и НАТО во Црното Море
Денеска заврши воената вежба на Украина и НАТО во Црното Море, во која учествуваа десетици воени бродови и авиони.
Двонеделната вежба требаше да ги покаже силните одбранбени врски меѓу Украина и НАТО по инцидентот во јуни меѓу руската армија и британскиот разурнувач во близина на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.
Околу 30 воени бродови и 40 авиони на НАТО и украински членки беа дел од вежбата „Морски ветар 2021“.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека внимателно ја следи вежбата.
Во исто време, руската армија спроведе паралелни вежби во Црното Море и во југозападниот дел на Русија.
Москва во јуни соопшти дека еден од нејзините воени бродови испукал предупредувачки истрели кон британски разорувач во Црното Море со цел да се оддалечи од областа близу Крим, која Русија ја смета за свои територијални води.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
