Заврши „Волшебниот Жито караван“, посетени над 20 маркети низ земјава
Успешно заврши едномесечниот „Волшебен Жито караван“ организиран од Жито Маркети. Изминатиот месец караванот помина низ 20 локации низ земјава, носејќи вистинска радост и подароци како за најмалите така и за возрасните.
На секоја локација, децата имаа можност да се сретнат со Дедо Мраз и да разговараат со него споделувајќи ги своите новогодишни желби и соништа за претстојната година. Забавата на сите посетители и купувачи на Жито Маркети беше надополнета со подароци и награди.
„Волшебниот Жито караван последниот месец од годината рашири голема радоста и ја долови во вистинско светло новогодишната магија. Секоја негова локација беше внимателно избрана со цел да бидат опфатени повеќе градови од земјата. Задоволни сме и среќни што нашите верни купувачи ја почувствуваа новогодишната радост и имаа поразлично секојдневно пазарување, исполнето со можност за награди и подароци“, велат од менаџментот на компанијата.
За време на „Волшебниот Жито караван“ имаше над 1500 фотографии, а беа доделени и над 20 ваучери за патување со вредност од 6000 денари.
Караванот своето патување го заврши на 30.12.2023 година, симболично пристигнувајќи пред Жито Ване – Велес. Купувачите покрај тоа што последниот ден од караванот имаа можност да се дружат и фотографираат со Дедо Мраз, уживаа и во забавата со маскоти, забавниот парк, закуски и музика пред маркетот кој го прослави 13-тиот роденден.
Ново на Сител
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
