Македонија
12. November 2021 - 16:40

Земјотрес ги вознемири дебрани

Дебрани попладнево ги вознемири земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја.

Потресот беше во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претодна најава.