Бизнис
5. October 2017 - 14:49

Зголемени цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во септември во споредба со август годинава се намалени за 0,1 процент, а во однос на септември лани се зголемени за 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во август во однос на септември намалување на цените е забележано во групата „храна“ за 0,2 процента.

Статистичките податоци покажуваат дека цените на угостителските услуги за периодот јануари-септември годинава, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,7 проценти, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,5 проценти.