Зголемени расходи и број на смртни случаи од пушење до 2030 година
Трошоците на глобалната економија, поврзани со пушењето, ќе надминат еден билион долари годишно, а од цигарите животот ќе го загубат 30 отсто повеќе луѓе до 2030 година во споредба со досега, покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување на Светската здравствена организација и американскиот Национален институт за борба против ракот.
Трошоците далеку ги надминуваат глобалните приходи од даноците за цигари, кои се проценети од СЗО на околу 269 милијарди долари во периодот 2013-2014 година.
- Бројот на смртни случаи, предизвикани од пушењето, се очекува да се зголеми од околу шест милиони годишно на околу осум милиони до 2030 година. Над 80 проценти од нив веројатно ќе бидат од земјите со ниски и средни доходи, се наведува во истражувањето.
Околу 80 отсто од пушачите живеат во земјите, каде вкупниот број на пушачи во светот се зголемува. Според здравствени експерти, пушењето е причина за најголем број смртни случаи во светот, кои би можеле да се спречат.
Истражувањето, во кое учествувале околу 70 научници, покажува дека „пушењето предизвикува околу еден билион долари трошоци годишно за здравје и загуби од намалено производство“.
Меѓу евтините и ефикасни начини за намалување на пушењето се зголемување на цените и акцизите на цигарите, целосна политика на ограничување на пушењето, целосна забрана на рекламите за тутунските производи и предупредувања за опасност на кутиите.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра