Жена повредена во сообраќајка кај Страцин
На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, синоќа се случи сообраќајна несреќа во која е повредена 50-годишна жена од Скопје, сопатник во возилото.
Според информации од Министерството за внатрешни работи, во 18 часот и 15 минути возило марка „шевролет каптива“ управувано од Р.Н., роден 1970 година, кое се движело од село Страцин кон Крива Паланка, удрил во крава со предната лева страна на возилото, при што ја усмртил на лице место.
Незгодата се случила во момент кога сопственикот преминувал со кравите преку магистралата кај местото викано Чатал, автомобилот удрил во животното и го усмртил, а при ударот со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото, З.Н., од Скопје, родена 1967 година.
Со возило на брза помош жената била пренесена во кумановската болница, каде биле констатирани лесни телесни повреди и е укажана лекарска помош.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници ограбени во Аеродром
-
Фатени две лица кои запалиле угостителски објект
-
Малолетниот Коста од судот доби статус на „оштетен“
-
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина