Жена се породила во такси возило пред велешката болница
Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на велешката болница. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа, кои први притрчале да и помогнат да се породи.
Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес информира дека роденото машко бебе и мајкатa се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето се сместени во Акушерското одделение на болницата.
– На жената која се пораѓала во такси возилото веднаш на помош и притрчала медицинска сестра од Детско одделение која оддела на работа, а потоа дошле и две сестри од Акушерското одделение кои и помогнале да се породи. Родилката на која ова и е второ породување роди машко бебе долго 50 сантиметри и тешко 3,2 кг. И мајката и бебето се во добра состојба и се сместени во Акушерското одделение при велешката Општа болница, информира д-р Неделковска Николова.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел