„Журнал“: Пожар во канцеларијата на Пивоваров во МВР
Пред неполн час, вработените на повисоките спратови во зграда 1, таканаречена “министерска” во кругот на Министерството за внатршни работи (МВР) ги вознемирила силна миризба, објави порталот Журнал.
Како што дознава Журнал, откако излегле во ходниците вработените увиделе дека димот излегува од канцеларијата на Владимир Пивоваров, еден од највисоките соработници на поранешниот министер од СДСМ, Оливер Спасовски. Загрижени влегле во канцеларијата и забележале дека гори хартија во корпата.
-Неофицијално, дознаваме дека била повикана и внатрешна контрола за да се утврди што точно се уништува вон процедура. Уште синоќа , откако Собранието ја прифати оставката на Оливер Спасовски, неговите соработници почнале чудно да се однесуваат, велат нашите извори. Биле забележани како изнесуваат кеси од нивните канцеларии, по што си заминале со службените возила, објави порталот.
Од МВР велат дека ќе биде направена детална проверка и ако се утврди дека е направено нешто надвор од законот, одговорните ќе бидат санкционирани.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства