Ахмети го честита Илинден
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска упати честитка по повод празникот Илинден, нагласувајќи ја важноста на, како што напиша во објава на Фејсбук, заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир.
Ахмети потсети на 119 годишното патување на земјата низ предизвици од Крушево до денес и оцени дека станавме пример за создавање мир и остануваме решени да го надминеме следниот предизвик, интеграцијата во Европската Унија.
-Пред 119 години, патот до слободата ќе започне од Крушево, долго, но триумфално патување, предизвик по предизвик, благодарение на подготвеноста на многу генерации на ова подземје да застанат заедно околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот. Инспирирани од тоа заедничко востание во 1903 година, заедно не дозволивме наша општествена декаденција, ги поразивме идеологиите на поделби една по друга во дискриминаторските системи, за да ги изградиме со Охридскиот договор темелите на еднаквоста како што доликува на една демократска земја и како што почнавме пред 119 години. Сега, благодарение на сите тие храбри процеси низ кои поминавме, ние сме земја членка на НАТО, пример за мировни процеси и решени заедно да го продолжиме ова вековно патување на победите кон интеграција на земјата во Европската Унија. Честит празник на сите граѓани на државата!“
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори