АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди
Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи ( остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка. Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а пратките нема да се пуштаат во промет се до добивање на резултат со кој ќе се потврди безбедноста на производите.
Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја.
Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии.
За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.
Ново на Сител
-
АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
-
Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
-
По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент
-
Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи Таравари
-
И денеска чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња
-
Промовирана студија за врсничкото насилство во училиштата од истражување спроведено во три општини
-
Се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и на Унгарија, серија билатерални средби на министрите
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани