-->
-->
Акција на комуналната испекција на Гази Баба и МВР во Вардариште
-->

Едно лице е фатено како пали електрични кабли со цел да се извади бакарот за продажба во денешната акцијата на комуналната инспекција на општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти општина Гази Баба, лицето ќе биде соодветно санкционирано според Законот за јавна чистота.
- Акцијата во населеното место Вардариште изминатиов период е најчесто контролирано место од општинската комунална инспекција со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, се вели во соопштението од општина Гази Баба.
На оваа локација, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште има ромско население во субстандардни услови кои спалуваат гуми и пластични материјали за загревање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
