Македонија
23. October 2022 - 12:32

Акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, констатирани 11 прекршоци

Констатирани 11 прекршоци, од кои два од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, седум од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, еден од Законот за лична карта и еден од Законот за возила, денеска во период од 00.00 до 04.00 часот на поширокото подрачје на град Скопје.

-Беше спроведена акциска контрола во која беа контролирани 97 угостителски објекти и 37 возила, при што биле констатирани Воедно, на подрачјето на Бит Пазар и Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода три лица, поради сторени прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден прекршок од Законот за лична карта, и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.