Бред конечно и се извини на Џенифер
Бред Пит и Џенифер Анистон се венчаа во 2000 година во Малибу по две годишна љубовна врска, а често се сметаа за совршена двојка, се додека Бред не се вљуби во фаталната Анџелина, за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, која една година претходно се разведе од актерот Били Боб Торнтон.
Врз Анџелина веднаш започна „медиумско линчување“, како уништувач на бракови, а се шпекулираше и дека нејзината врска со Бред траела и претходно, пред тој официјално да прекине со Џенифер во 2005 година, иако таквите гласини никогаш не беа потврдени. Џенифер во едно интервју тогаш кратко и дамски го коментираше разводот.
Но, во септември 2016 година порталот ТМЗ прв ги пренесе вестите дека Анџелилна поднела барање за развод и за старателство над децата. Се шпекулираше дека Бред ја изневерувал, психички злоставувал, пиел и бил насилен кон нивните деца, па нивното прекинување со денови беше главна тема на сите насловни страници.
Во „жолтиот печат“ почна повторно да се споменува и името на Џенифер Анистон, која среќата ја пронајде во вториот брак со актерот Џастин Терукс. Повторно ѕвездата на серијата „Пријатели“ остана дама, иако еден дел од неа врескаше „тоа е карма“.
Повеќе од десет години, откако и го скрши срцето, Бред конечно одлучи да и се извини на поранешната сопруга.
- Бред поради проблемите со алкохолот се пријави на терапија и по опоравувањето научи подобро да ги изразува своите чувства. Џенифер беше прва на списокот луѓе на кои им се отвори. Сфатил се што направил и се извини. Таа му рече дека му простува и дека треба да се сконцентрира на иднината, откри извор близок на актерката.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари