Честитка од Груевски за Националниот ден на Власите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод Нацаионалниот ден на Власите - 23 Мај, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница.
- Со прославата на овој празник сите ние ја славиме и одбележуваме историската посебност на Власите во целиот свет, влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија, наведува Груевски во честитката.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека соживот, како во минатото, така и денес, дава позитивен придонес во интерес на развој на нашето општество и нагласува дека Власите во Македонија од секогаш биле почитуван и ценет пријател, добар сосед и колега, луѓе кои со својата трудољубивост и посветеност дале голем придонес во остварување на нашите заеднички стремежи за подобра, поуспешна и просперитетна Република Македонија. Таквиот придонес, истакнува, позитивно ја афирмира влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно го продолжувате позитивниот континуитет на вашите претходни генерации и успешно го трасирате патот за нашите идни генерации.
- Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да ја изразам својата надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да реализираме голем број проекти за нашата држава, да создаваме дела од значење за сите наши граѓани, бидејќи тоа е единствениот исправен начин за градење на нашата иднина. Тоа претставува заедничка мисија на нашата генерација која мора да биде позитивен пример за сите идни поколенија, за кои сите ние посакуваме да живеат во просперитетна, интегрирана, модерна и силна Република Македонија, се вели во честитката.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга