Чулев го обвини Спасовски за незаконско работење на МВР, премиерот го демантира и му порача да си го реши проблемот со лични карти и пасоши
Додека јас бев во Министерството за внатрешни работи немаше никакви проблеми ниту со пасошите, ниту со личните карти, му одговори денеска премиерот Оливер Спасовски на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој претходно на прес-конференција во Министерството го обвини претходно раководство за недостигот на документите, но и за незаконско спроведување тендери и префрлање финансии на компанијата Веридос.
-Додека јас бев во МВР немаше проблеми ниту со пасошите, ниту со личните карти. За се што има постојат документи, а органите нека истражат се што е правено и како е правено. Се што е направено е направено во интерес на граѓаните врз основа на една легална и законска процедура, рече Спасовски на прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој му порача на Чулев да седне и да си го реши проблемот со недостигот на обрасци за лични карти и пасоши.
Претходно Чулев рече дека постојат индиции и материјални докази дека во МВР во времето на Спасовски незаконски се спроведувале постапки и се склучувале договори.
-Постојат инцидиции со материјални докази кои велат дека се спроведувале постапки спротивно на законот и за истите се склучувале договори во тек на постапка за јавна набавка, се менувале членови на комисии, се случувале рамковни спогодби и скоро секогаш се излегувало надвор од предвидената финансиска рамка, се воделе тендерски постапки без претходно да биде изведена тендерска спецификација, рече Чулев.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО