Ципрас не го прими мандатот и им се извини на поддржувачите
Ја исполнив мојата инситуционална должност да дојдам и да Ви кажам дека нема да го примам мандатот, бидејќи не произглегува можност за формирање Влада, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на средбта со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, согласно формалната уставна процедура, денеска Сакеларопулу го прими лидерот на второ рангираната партија на парламентарните избори.
Ципрас објасни дека нема причина да го прими мандатот, а Сакеларопулу изрази надеж дека на следните избори ќе произлезе Влада.
По средбата во претседателската палата лидерот на СИРИЗА во изјава за медиумите рече дека презема одговорност за изборниот резултат кој за нив бил „болен шок“ и им се извини на гласачите и поддржувачите.
-Лично во целост ја преземам одговорноста за овој резултат, но во мојот морален речник „преземам одговорност“ значи стојам исправен и се борам. И токму ова ќе го сторам. Секако, ја преземам одговорноста и да им се извинам на луѓето кои ги повредивме, стотиците илјади пријатели, борци и гласачи на СИРИЗА и да им дадеме ветување дека заедно ќе се бориме во новата битка, со цел да немаме семоќна, неконтролирана, хегемонична и арогантна Влада. Ова е лошо за демократијата и за земјата, порача Ципрас.
Со оглед на тоа дека лидерите на Нова демократија и СИРИЗА ги вратија мандатите, Сакеларопулу ќе го покани претседателот на третата партија односно на ПАСОК – Движење на промена.
Станува збор за формална уставна процедура што започна вчера, иако веќе е сигурно дека земјата ќе оди на втори избори, а Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот