ЦО на СДСМ ќе дискутира за оставката на Заев и актуелната политичка состојба
Ќе расправаме за актуелната политичка состојба, ќе не информира претседателот на партијата до кај се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и секако ќе се отвори дебата во однос на неговата оставка, информира вечерва пред седницата на Централниот одбор на СДСМ, членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири.
Тоа што ќе се реши, како што кажа, секако на крај ќе се соопшти на медиумите и на јавноста.
– Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе тера дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, рече Зеќири.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.
– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе се одржи вечер, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисалјовски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
