-->
-->
Дејвис куп: Јотовски и Грабул ја предводат Македонија во Естонија
-->
Македонската тениска репрезентација оваа година нешто порано од вообичаеното ќе ги одигра мечевите од Третата зона од Дејвис купот. Натпреварите на кои се пријавени 16 репрезентации ќе се играат во Талин, Естонија од 2-5.март во сала и на тврда подолога.
Македонија во Талин ќе настапи со тројца тенисери. Пријавени се: Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак.
Покрај Македонија на во Талин ќе играат уште: Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Естонија, Грција, Исланд, Република Ирска, Косово, Лихтенштајн, Малта, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.
Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции, а само победниците ќе играат во полуфиналето.
Пласман во Втората зона на Дејвис купот ќе изборат двете селекции, кои ќе победат во полуфиналните дуели.
Инаку, лани полуфиналисти беа: Кипар и Естонија, а повратници во оваа зона се: Република Ирска и Молдавија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка