-->
-->
Детали за сообраќајки: Возач починал од срцев удар додека возел цистерна
-->
Возач на цистерна полна со гас починал од срцев удар додека возел по што цистерната удрила во рид и се преполовила.
Несреќата се случила на меѓународниот пат за Бугарија во близина на месноста викана Илиева чешма.
- Несреќата во Итната медицинска служба е пријавена во 16:50 часот по што од наша страна е веднаш интервенирано. Од прегледот на телото на сега починатиото лице со иницијали М.Б. родено 1963 година, констатиравме дека станува збор за срцев удар, изјави доктор Гоце Стоименовски од Итната медицинска служба.
Според првичните информации, во несреќата нема други повредени лица, а на местото на несреќата во тек е увидот на истражните органи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?