Македонија
1. October 2015 - 9:04

Доделување дозвола за постапување со отпад од електронска опрема

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска на Екон Eлектрон ДОО ќе додели дозвола за колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема.

Ова е четврта дозвола која Министерството за животна средина и просторно планирање ја издава на колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема во Македонија.

Компанијата „Екон Eлектрон”  ДОО од Скопје е формирана на заедничка иницијатива на неколку компании диструбутери на електрична и електронска опрема со цел колективно постапување со отпадот од од овој вид опрема во Македонија.