Дополнителни седум милиони евра ќе се инвестираат во новата штипска Клиничка болница
Заврши ревизијата за машинскиот и електричниот дел за новата Клиничка болница во Штип, информира државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев. Според ревизијата потребни се дополнителни седум милиони евра за реализација на машинскиот и електричниот дел за овој обект. Појаснува дека грчката компанија „Итеркат“ побарала ревизија за овие два сегмента, бидејќи проектот е од 2015 година, а во кои се надминати одредени технологии.
-Целиот процес е завршен и веќе е подготвена информацијата до Владата на Република Македонија, каде што треба да помине на владина седница и да влеземе во продолжување на реализацијата на Клиничката болница, вели Милошев.
Ревидираниот проект за штипската Клиничка болница на седница на Влада ќе се најде по Божиќните празници, по што ќе биде доставен до компанијата која ја гради болницата, за да даде нов динамичен план. Милошев смета дека првата фаза од изградбата на болница ќе заврши на почетокот на 2021 година. Ова е четврти застој на изградбата на новиот објект на болницата, претходно изградбата се стопираше поради проблемите кои ги имаше градежната компанија „Бетон“-Штип, која се појави како подизведувач на објектот. Според првичниот проект изградбата на првата фаза на болница требаше да чини околу 30 милиони евра, а сега со новата ревизија објектот треба да вреди 37 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови