Двајца загинати во судири во Сеул по смената на претседателката Парк
Најмалку две лица загинаа, а десетина други се повредени денеска во Сеул во судири меѓу полицијата и приврзаници на сменетата јужнокорејска претседателка Парк Геун-хје, јави Си-Ен-Ен,
Како што соопшти Кабинетот на јужнокорејскиот премиер, Хванг Кио-ан, немирите се сличиле на плоштадот пред зградата на Уставиот суд во Сеул, веднаш по соопштението дека Судот со едногласна одлука на сите осум судии го потврди решението за смена на претседателката Парк од должноста, поради нејзнината вмешаност во корупциски скандал.
Неколку илјади приврзаници на Парк мошне емоционално и со солзи ја пречекаа одлуката на уставните судии, тврдејќи дека со нејзиното „отстранување од фунцијата е погазена демократијата“, како и дека е „погребана Кореја“.
Стотина најнасилни од толпата се обиделе да навлезат во зградата на Судот и притоа наишле на блокадата од полициски возила и силно полициско обезбедување.
Демонстрантите фрлале камења и почнале да ги уништуваат возилата, но не успеале во својата намера да дојдат до зградата на Судот.
Засега не е познато како дошло до тоа да има загинати и повредени.
На другата страна од плоштадот биле противниците на Парк, кои се собрале да ја прослават „победата на демократијата“, обвинувајќи ја првата жена претседател на Јужна Кореха за „тежок криминал и корупција“.
Според медиумите во Сеул, сега како обичен граѓанин и без претседателскиот имунитет, Парк се соочува со полициска истрага и со третманот како и за секој „обичен криминалец“.
Премиерот Хванг, кој е и в.д. претседател, цо следните 60 дена треба да распише избори за наследник на Парк.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови