Енормното зголемување на богатството на Шилегов треба да се провери, рече Мицкоски
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција рече дека институциите треба да ги проверат имотните листови и даночните пријави на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов, бидејќи како што тој кажа постоело енормно зголемување на неговата материјална состојба.
- Гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник. Добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите, имаме Финансиска полиција, Управа за јавни приходи, Антикорупциска комисија некла ги проверат имотните листови на господинот Шилегов, нека ги проверат неговите даночни пријави и многу лесно, еден плус еден ќе дојдеме до два и ќе дојдеме до одговорот на оваа дилема што деновиве скопјани се погласно ја зборуваат, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови