ЕСМ: Најдоцна до утре до 14:00 часот правните субјекти да аплицираат за повластено користење струја
– АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ ги повикува сите правни субјекти опфатени со одлуката на Владата за субвенционирано снабдување со електрична енергија, кои ги исполнуваат условите, најдоцна до утре до 14:00 часот да се пријават за снабдување со електрична енергија од 1 декември годинава.
-Доколку не биде испочитуван рокот или пријавата се направи со некомплетни документи, пријавеното правно лице, по комплетирање на документите ќе биде вклучено во групата за снабдување од 1 јануари 2023 година, посочуваат од ЕСМ.
Прецизираат дека повикот се однесува на јавните основни и средни училишта, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици (да се пријават мерните места на станиците) и дел од прехранбената индустрија со соодветните шифри на дејност наведени во одлуката на Владата.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?