Кошарка
2. November 2016 - 20:19

Eвропакуп: МЗТ загуби добиен меч

Кошаркарите на МЗТ Скопје испуштија колосална шанса да ја забележат првата победа во Еврокупот и тоа против големиот фаворит Нижњи во Новгород. На крајот пораз во продолжение. 
НИЖЊИ НОВГОРОД - МЗТ СКОПЈЕ 88:74 (17-21; 20-15; 14-25; 19-9; 18-4)
 
А победата се насмевнуваше по одличната трета четвртина во која  металците обезбедија водство  од 10 поени предност и водеа со 61-51 но во последната четвртина дозволија домаќинот да ја стопи предноста  и на крајот да дојде до израмнување 70-70 откако Синовец не искористи две од трите досудени слободни фрлања.  Во продолжението македонскиот првак немаш сили и загуби со 88-74. 
Во тимот на МЗТ добро играше тројката  Темс-Синовец-Скот кои заедно постигнаа 47 поени.