Филипче: Се крати времето на чекање за зрачна терапија, наскоро оддел во ГОБ „8 Септември“
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави дека ќе се скрати времето на чекање за зрачна терапија и оти наскоро ќе биде отворен оддел за зрачна терапија во ГОБ „8 Септември“.
Во овој оддел, како што пишува минисетрот, ќе работи лекар специјалист, физичар и техничар, а третманот за пациентите ќе биде координиран со Клиниката за онкологија.
– Продолжуваме со практиката, установата да им ја доставува таблетарната терапија на пациентите дома, како што беше пракса во време на ковид кризата. По повод одбележувањето на 4 февруари – Светскиoт ден за борба против ракот ја посетив Клиниката и остраив средба со директорот Нино Васев, претседателката на „Борка“ Биба Додева и Наташа Маслеша од Здружението за борба против ракот и леукемијата кај децата „Пеперутка“. Пред 3 години овозможивме пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии за пациентите со малигни заболувања. Набавуваме иновативни лекови за рак на дојка, на бели дробови, како и други малигни заболувања, со кои се опфаќаат голем број пациенти, наведува Филипче.
Една од позитивните работи кои од годинава ќе почне да функционира, според Филипче, е Националниот регистар на новозаболени од малигни болести чија процедура е веќе почната на Клиниката за онкологија.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис