Финска и Русија ја затворија границата за мигранти

Финска и Русија постигнаа договор за затворање на заедничката граница на север за мигрантите, со цел да биде блокирана Арктичката рута за доаѓање во Европската Унија.
- Само граѓаните на Финска, Русија, Белорусија...можат да ги користат граничните премини Сала и Раја-Јосепи на северот на Финска, соопшти денеска Владата во хелсинки.
Договорот, кој е со траење шест месеци, објавен е еден ден по посетата на финскиот претседател Саули Нинистоа на Москва, каде разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.
- Причина за воведување на оваа рестрикција е спречување на организираната илегална миграција, соопшти финската Влада.
Во последните четири месеци, околу 1.700 баратели на азил, главно од Авганистан и Сирија влегле во Шенген зната преку двата северни руско-фински премини.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
