Германија: Рации во Порше поради скандалот со дизел емисии
Обвинители извршија рации на 10 локации во јужна Германија во истрагата насочена против актуелни и поранешни менаџери во автомобилската компанија „Порше", дел од групацијата Фолксваген, поради скандалот на компанијата со емисијата на издувни гасови од дизел моторите.
Обвинителите во Штутгарт соопштија дека рациите во Баден-Виртемберг и Баварија се дел од истрагата за сомневањата за измама и лажно рекламирање. Тие велат дека истрагата се однесува на член на одборот на Порше, друг член на нејзиното раководство и трето лице кое повеќе не е вработено во Порше.
Обвинителите на други места во Германија истражуваат наводни прекршоци кај Фолксваген и Ауди, друга од единиците на германскиот производител на автомобили, во случаите поврзани со скандалот околу манипулацијата со податоци од дизел-емисиите што се случи во 2015 година
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот