Германски политичар тврди дека ИСИС во Европа влегува со бегалците
Дел од радикалите од ИСИС кои што во Европа планираат терористички напади на континентот влегуваат скриени меѓу бегалците, смета шефот на германската канцеларија за заштита на уставноста Ханс Јорг Маасен. Неговата изјава која што ја објавува Австриската новинска агенција а ја пренесуваат неколку европски медиуми вели дека членови на ИСИС кои што во Европа влегуваат како мигранти планираат „воени акции“.
Според Маасен, институцијата со која што раководи има информации за околу 7,900 припадници на радикални групи кои што планираат спроведување на акции слични на нападите во Париз каде загинаа 130 луѓе.
Маасен тврди дека секоја недела тој има потврдени информации поврзани со планирање терористички напади во Германија.
По нападите во Париз германските власти уапсија неколку луѓе под сомнение дека се поврзани со радикални исламистички структури но засега нема докази за врски со ИСИС а поради закани од терористички напади беше откажан фудбалскиот меч Германија - Холандија во Хановер.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина