-->
-->
Гнев: Битолчанка му ги запалила становите на синот во Охрид и Битола па се пријавила во полиција
-->

Синоќа во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид.
Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и спалната соба.
Додека, пак, во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот оштетен бил и телевизорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
