Груевски води пред Заев во четвртата изборна единица
Тесна е битката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на територијата на цела Македонија. После обработени 41,12 отсто од гласовите, според податоците на ДИК, владејачката партија е во тесно водство над најголемата опозициска партија
Според бројот на гласови што досега се процесирани, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 41,33 отсто од граѓаните, додека за СДСМ гласале 36,38 отсто од граѓаните.
Во изборната единица четири, каде што носители на листите се Зоран Заев од СДСМ и Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, водството го има владејачката партија. За ВМРО-ДПМНЕ гласале 48,26 отсто, а за опозицискиот СДСМ 44,75 отсто од гласачите.
Во изборната единица еден, каде што се повеќето скопски општини, пак, водството го има СДСМ со освоени 42,24 отсто од гласовите, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која има освоено 28,62 отсто од гласовите.
Податоците се од Државната изборна комисија.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени