Хачинсон: Горди сме што ја имаме Македонија како сојузник во НАТО
Горди сме што ја имаме Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон.
– Тие работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и многу сме горди што им посакуваме добредојде, изјави таа денеска на видео брифинг за новинарите.
Додаде дека вратата на НАТО останува отворена за земјите кои сакаат демократија, слобода, слободи медиуми, човекови права и владеење на правото.
– Овие се основните вредности што членките на НАТО ги поседуваат и се заколнаа да ги штитат. Македонија, Македонија, дојде во пресрет со неопходните реформи, и ние сме многу горди што ја нарекуваме сојузник, изјави Хачинсон.
Брифингот на постојаниот претставник на САД во НАТО се оддржа во пресрет на министерскиот состанок на военаната Алијанса што утре се оддржува во Брисел.
На состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на шефови на дипломатии ќе присуствува и македонскиот министер на надворешни работи Никола Димитров.
Ова ќе биде прво учество на Македонија, на едно заседание на Алијансата како полноправна членка на НАТО.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите