-->
-->
Хамилтон очекува директен дуел со Фетел
-->

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјавил дека повеќе од останатите возачи го почитува Себастијан Фетел и дека со нетрпение го очекува останатите трки во сезоната.
Хамилтон и Фетел заедно освоија седум од последните девет титули во првенството на Формула 1, но никогаш не биле директни ривали за шампионскиот трофеј.
Оваа сезона работите можат да се сменат, бидејќипо две трки двајцата имаат освоено по 45 бодови.
Германецот победи на првата трка во Австралија, а Бротанецот беше најдобар во неделата на трката во Кина.
„Се надевам дека и понатаму ќе го задржиме пријателскиот однос. Него најмногу го почитувам од сите возачи во шампионатот“, рекол Хамилтон.
Третата трка во првенството на Формула 1 ќе се вози на 23.април во Бахреин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
