Холивудска актерка призна дека страда поради разводот
Холивудската актерка Дру Баримур, која кон крајот на 2016 година стави точка на бракот со Вил Копелман со когој има две деца, во неодамнешното интервју призна дека не ја изгубила верата во љубов и дека партнерскиот однос и недостасува.
Дру, во интервјуто раскажа дека не е навикната да биде сама, но дека се уште не сака да влегува во сериозна врска. Исто така, убавата актерка откри дека нејзините другарки секојдневно ја запознаваат со мажи преку интернет, што таа тоа го одбива.
- Знам дека тоа може да биде забавно, но јас не сакам да се впуштам во врска на тој начин. Голем број мои пријателки имаат апликации на мобилните телефони за наоѓање партнери и убаво се забавуваат, рече Дру.
Убавата актерка од бракот со Вил Копелман има две ќерки, а после разводот одлучи да се посвети на децата.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима