Хорор во Пробиштип: 11-годишно девојче се сликало разголено па било уценувано од возрасен маж

Вчера во 18,30 часот во Полициска станица Пробиштип, 40 годишен жител на село во Пробиштип, пријавил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина.
Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук.
Во ПС-Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа.
Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
