Инфективната клиника се затвора две недели заради дезинфекција
Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели зашто поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ.
-Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекјција на душеци, перници, медицинскиот мебел, се она што е простор, ѕидови и подови итн., ќе се направат и некои диполнителни процедури кои ни се рутинска потреба која не можевме да ја направиме поради бројот на пациенти – рутинско проверување на противпожарните апарати, дополнување на сензорите за пожар, кои малку заостанаа во овој период. Ова ќе биде добредојдено и за персоналот кој две години конкутинуирано е под атакот на КОВИД-19, ќе биде добро сите ние да земеме малку душа. Но она што е главно е комплетно да ја подготвиме клиниката за евентуално нов бран и очекување пацинети, рече Стевановиќ за ТВ Телма.
Тројцата пациенти кои во моментов се лекуваат на клиниката ќе бидат на кратко префрлени во болницата „8 Септември“ и сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите ќе бидат пренасочени во таа болница.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО