Интензивно се работи на реконструкција на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево
Во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево интензивно се работи на реконструкција на објектот во рамки на обновувањето на 30 центри за социјална работа финансирано преку проект од државата.
Директорот на Центарот за социјални работи - Делчево, Александар Николов истакна дека со оваа инвестиција финансирана од државата ќе се создаде енергетски ефикасна зграда која ќе го направи помобилен Дневниот центар.
- Ќе се менува кровната конструкција и дотраената столарија, односно ќе се интервенира секаде каде што има потреба за објектот каде е сместен Дневниот центар во Делчево да стане енергетски ефикасен и со многу подобри услови за престој на нашите штитеници, рече Николов.
Делчевскиот дневен центар постои 12 години и е сместен во старата зграда од Детската градинка. Ова е прва посериозна реконструкција на објектот. Паралено со Дневниот центар градежни зафати се извршуваат и во просториите на Центарот за социјални работи и Агенцијата за вработување во Делчево.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени