Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози и задржано женско јагне
На 11,785 фармери кои имаат обележани грла говеда, кози и кои задржале женско јагне им се исплатени 617,6 милиони денари за субвенции, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски информира дека се исплатени и средства за 206 тутунопроизводители кои ги подмирија долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите се префрлени 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколтата 2020.
-Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка, вели Бачовски.
Според Агенцијата, политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува.
-Средства за земјоделците има, грижата за секторот земјоделство беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, наше е да создаваме поволни услови за раст и развој на агро – секторот а земјоделците треба да продолжат да произведуваат квалитетни производи, потенцира Бачовски.
Ново на Сител
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира