Истражување на УНИЦЕФ за ефектите од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ќе ги презентира резултатите од истражувањето за социјалните и економските ефекти на КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија.
Анализата беше спроведена во партнерство со Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“, со поддршка од УСАИД.
На брифингот за медиумите се предвидени обраќања на претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани и на директорот на Канцеларијата за општ развој во УСАИД, Едвард Гонзалес, а ќе присуствуваат и Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“, Aна Томовска – Мисовска од Универзитет Американ Колеџ, Maja Геровска- Митев од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, како и Maja Парнаџиева – Змејкова, независна консултантка.
Наодите од истражувањето ќе ги претстави Марјан Петрески од Фајнанс Тинк – Институт за економски истражувања и политики и Универзитет Американ Колеџ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците