Македонија
18. August 2023 - 19:11

Избувна пожар кај с. Ѓопчели - на терен се пожарникари од Дојран и Гевгелија

Доцна попладнево избувнал пожар на отворено кај село Ѓопчели, гори сува трева со густи грмушки („прнар“) и нискостеблеста шума. соопшти регионалниот ЦУК Струмица.

На терен веднаш излегле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија по дојавата, со едно противпожарно возило и два пожарникара, а и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран, со едно возило и три пожарникари.

Од ЦУК биле известени ДЗС Гевгелија, Општина Дојран и РЦУК Гевгелија.

Командирот на пожарникарите на ТППЕ Гевгелија бил упатен на место на пожарот и доколку имало потреба да се ангажираат дополнителни сили за гаснење пожар ќе извести согласно ситуацијата на терен.