Македонија
7. March 2019 - 12:46

Изградена примарна водоводна мрежа во кривопаланечкото село Луке

Заврши изградбата на примарна водоводна мрежа во селото Луке, Кривопаланечко. Изградена е основна одоводна мрежа во должина од 1.700 метри, а проектот е финасиран од Програмата за управување со водите преку Министерството за животна средина и просторно планирање, програма за управување со води и локалната самоуправа на општина Крива Паланка. 
 
-Изградбата на мрежата чинеше 1,5 милиони денари. Компанијата за надзор на градежните активности  изврши контрола на примарната траса, извршен е технички прием на делницата, а по завршувањето на градежните активности, деновиве ќе следува и контрола на квалитетот на водата за потребите на жителите, информираат од општината.
 
Стручните служби од општина Крива Паланка продолжуваат со планираните активности за изградба и на секундарната мрежа за водоснабдување на населбите Просарци, Камењарци и Мачорци во селото и унапредување на условите за живот на населението.