Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Истанбул

Дваесет и четири слики, масла на платно се претставени на изложбата на македонскиот уметник Стефан Хаџи-Николов во галеријата Vita Art Gallery во Истанбул, која ќе трае до утре.
Ове е петто представување на Хаџи-Николов во Турција. Сликите кои се сликани во последните две години се од циклусот „Пејзажи на душата".
Станува збор за осма самостојна изложба на Хаџи-Николов годинава. Претходно авторот изложувал и во Скопје, Кавадарци, Прилеп, Демир Капија, Охрид, Варна и Перник.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Тој е член на ДЛУМ од 1984 година. Учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа и на мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 година учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив. Добитник е на повеќе награди.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
